ВРЕМЕ Е ЗА НАСТАП НА СЈО: Неспособноста на Заев ќе се пере преку активирање на СЈО, барем така вели Ленче Николовска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несреќни изјави, лоши потези, внатрепартиски конфликти, непотизам на листите за кандидати за пратеници дополнително ја усложнија ситуацијата во СДСМ од каде што последниве неколку дена се почесто добиваме информации дека интензивно расте незадоволството кај членството, а партиските рејтинзи се во вртоглав пад особено по изјавата на Заев дека ќе го смени Уставот со цел да ја формализира двојазичноста и патот кон федерализација на државата

Zaev-Katica-SDSM

Синоќешната екскурзија на умот на лидерот на СДСМ со потпишувањето на коалицијата со Драгиша Милетиќ, по се изгледа ја прели чашата во СДСМ, по што следеше лавина на остри реакции од видни членови на партијата, активисти, но и екс-пратеници и функционери. Меѓу другите најостро реагираа екс-пратениците Весна Бендевска и Ана Павлова Данева кои се оградија од одлуката на Заев.

bendevska-fb-1-640x392 daneva-fb-1-640x389

Претходно, од партијата реагираа на несреќните изјави на Заев во врска со двојазичноста и федерализацијата на земјата, и неговата најава дека тој има намера да го легализира овој план преку прекројување на Уставот. И, како тоа да не беше доволно скандалозно, лидерот на СДСМ отворено го навредуваше Македонскиот народ велејќи дека „Македонецот има грдо лице“ во смисла дека токму Македонците се нетолерантни и дека неговите гласови не му требаат.

Сето ова следеше по катастрофалниот конгрес на партијата на кој требаше да се формализираат кандидатските листи за пратеници од опозицијата, на кои се најдоа луѓе кои ниту се членови на партијата, ниту пак граѓански активисти, и со ништо не придонеле кон борбата на опозицијата за добивање на власта. Поточно, Заев реши да ги пушти низ вода досегашните првоборци како Горан Сугаревски, Софија Куновска, но и неговите технички министри како Кире Наумов, Љупчо Николовски и останатите кои не се најдоа на листите.

Целата оваа несреќна и брзоплета кратковидност на Заев го турна партискиот рејтинг во слободен пад, па некои од членовите на опозицијата решија да ја потсетат Катица Јанева дека  е дојдено време СЈО да се активира и да ги вади од кал опозиционерите.

Имено, несудената министерка за земјоделство Ленче Николовска која неодамна во стилот на Заев ги навредуваше Македоницте, вчера на својот ФБ профил реши да ја потсети Катица Јанева дека треба да се активира и да го спасува СДСМ и Заев.

lence_nikolovska_sjo

Ова не е прв пат членови на СДСМ и опозицијата да ја повикуваат Катица активно да се вклучи во кампањата на опозициската партија и да ги вади од невоља секогаш кога Заев ќе ја оплеска работата.

Колку за потсетување, Заев во неколку наврати ги најавуваше случаите на Катица Јанева во своите говори на партиските митинзи, и се закануваше дека „тој се изборил да ја стави на таа позиција, и таа ќе апси ако така и каже“.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This