Елизабета Георгиевска, сопругата на претседателскиот кандида на СДСМ, Стево Пендаровски, го поддржа кандидатот за претседател преку видео-обраќање.
„Човек од збор, да намали тага, да подаде рака, да не се повлече никогаш – Таков е Стево. Го познавам 23 години и од секогаш знам дека е човекот на кој можам да сметам. Бескрајно чесен, посветен, храбар. Секогаш тука за другите, задржувајќи го својот интегритет“, вели Георгиевска во видеото.
Таа му даде поддршка и на претседателските избори 2014 со обраќање на конвенцијата во Универзалната сала во Скопје.