Доколку утре се одржат парламентарни избори (за избор на влада) на прашањето за која партија би гласале ВМРО-ДМНЕ е во водство пред СДСМ, ова го покажуваат резултатите од анкетата на „МАРКЕТ ВИЖН“, спроведена по барање на Пресинг ТВ.
Дури 14,2% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 13,0% ќе гласаат за СДСМ, за Алијансата на Албанците 3,1%, додека за ДУИ 2,8%, за БЕСА 1,2%, за ГРОМ 0,6%, додека НЕ ЗНАМ одговориле дури 23,5% од испитаниците.
„Не сакам да откријам/кажам“ одговориле дури 23,7%, додека нeмa да излезат на гласање 16,5%.
За друга партија ќе гласаат 1,3% од испитаниците.
Интерсн факт во ова испитување е што Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ, чиј претседател Стевчо Јакимовски моментално се наоѓа во куќен пpитвop бележи пораст од 0,2% во однос на последната анкета на „МАРКЕТ ВИЖН“.