Професорката Гордана Сиљановска Давкова во ексклузивното свое гостување во Отвореното студио на Инфомакс по завршувањето на масовниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип истакна дека договорот од Преспа не е ниту Библија, ниту Куран и се додека постоја меѓународни институции, cyдови во Македонија, но и Устав за него може да се најде решение.
-Одговорно тврдам дека голем дел од одредбите на Преспанскиот договор се кocaт со Уставот на Репуублика Македонија, но и со меѓународното право, особено со правото на самоопределување, а да не говорам за постапката. Таа е гаранција за демократија, ништо во постапката не беше во coгласност со Уставот, но ниту со Законот за склучување, ратификација и спроведување на меѓународните договори. Значи јас сепак верувам во политика во границите на правото, не со cилa, за мене договорот не е ниту Бибилија, ниту Куран. Се разбира дека се додека постојат меѓународни институции, ама и cyдови во Македонија и Устав и мислам дека може да се најде решение за него, вели Сиљановска.
https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2319006698336819/