Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ вечерва присустуваше на отворањето на литератураната манифестација „Илинден“ која се одржува во скопската општина Илинден.
Оваа општина е пример кој покажува дека и без поддршка од централната власт, самостојно може да се избори за активно културно живеење, место на многу активни збиднувања, но и многу решенија за проблемите на граѓаните, економски развој и вложувања за подобар живот. Илинден станува привлечно и атрактивно место за живеење, со многу работа, до заеднички успеси, рече Мицкоски.