Претседателот во заминување на Европската комисија, Жан-Клод Јункер чиј петгодишен мандат истекува нскоро, се пожали на тоа како живеел во изминатите пет години, истакнувајќи дека „претседателот на ЕК нема ни резиденција ниту приватен авион”.
– Живеам во хотелски апартмен од 50 квадратни метри за 3.250 евра месечно, а ни секретарот на НАТО, Доналд Туск нема резиденција, изјави Јункер за Билд.
Тој додава дека генералниот секретар на НАТО живее во куќа, а речиси сите амбасадори имаат свои резиденции.
За Јункер за најголемиот проблем го смета тоа што не можел да пречекува гости
– Не можам да поканам официјални лица на гости да дојдат и да седат на мојот кревет. Кога патував со комерцијални летови во посета, каде и да одев, ме повикуваа во своите резиденции, вели Јункер.
Во интервјуто за Билд, претседателот на ЕК потврди дека Европската комисија нема свој авион.