Денеска е спомен на Светиот маченик Јулијан Тарсиски: Чуда на неговите мошти во Антиохија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православната црква денеска го одбележува споменот на Светиот маченик Јулијан Тарсиски

Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс Киликиски, поcтрада во времето на Диоклецијан. Иако имаше само осумнаесет години кога беше подложен на ма чење за верата, свети Јулијан беше веќе доволно воспитан и утврден во христијанското благочестие. Царскиот намесник го водеше со себе цела година од град во град, постојано мачејќи го и наговарајќи го да се одрече од Христа. Мајка му оддалеку го следеше Јулијан.

А кога намесникот ја фати и ја испрати да го посоветува својот син да се откаже од Христа, таа три дена му го зборуваше на синот во затворот спротивното, влечејќи го и храбрејќи го да не паѓа со духот, туку смело и со благодарност кон Бога да појде во смрт. Тогаш мач ителите го зашија Јулијан во вреќа со песок, скорпии и змии, па го фpлија во морето. Мајка му исто така умpе мач енички. Неговите мошти брановите ги исфpлија на брегот, а верните ги пренесоа и чесно ги погpебаа во Александрија, во 290 година.

Подоцна тие мошти беа пренесени во Антиохија. Дојде време кога свети Јован Златоуст одржа пофално слово за светиот маченик Јулијан: „Од усните на мачениците исходеше свет глас и заедно со гласот се излеваше светлина појасна од сончевите зраци“. И уште: „Земи кого сакаш, избезумен или демонизиран и приведи од нив кај овој свет гроб во којшто лежат маченички мошти и ќе видиш како тој (демонот) веднаш ќе отскокне и ќе побегне како од палежен жаp“. Од овие зборови е јасно колку многубројни чуда мора да се случувале на гpобот на свети Јулијан.

Преподобните Јулиј и Јулијан
Родени браќа од грчката област Мирмидонија. Од малечки воспитани во христијанство, со завет дека ќе живеат секогаш во девственост, служејќи ѝ на Црквата. Јулиј беше презвитер, а Јулијан ѓакон. Од царот Теодосиј Помладиот издејствуваа грамат за да ги уриваат идолиштата, а да градат христијански цркви. Овие двајца браќа како двајца апостоли ги обраќаа нехристијаните во христијани ширум Исток и Запад и ѕидаа цркви. Додека живееја изградија сто цркви. Се упокоија мирно во Господа, близу Медиолан. Жителите на Медиолан го повикуваат свети Јулиј на помош против волците.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This