Десет дена по неуспешниот обиде, летечкиот човек Френки Запата конечно со својта направа „Flyboard“ успеа да го прелета каналот Ламанш кој ги раздбојува Франција и Велика Британија.
Запата тргнал во 8:15 ч од плажата Сангате во Франција, на половина пат успешно наполни керозин и дваесетина минути подоцна пристигна на јужниот брег во Англија.
Тој преку морето леташе на висино од 15 до 20 метри.
Неговиот „ Flyboard “ е автономно летало со погон на керозин кој е сместен во ранецот на Запата. За да го прелета 35 километри широкиот канал тој мораше да застане на половина пат и да се снабди со керозин, во првиот обид токму тука тастанаа проблемите кога Запата не ја погоди платформата на која требаше да слета за да дополни гориво и падна во морето.