Германија бара работници, поточно медицински сестри соопштија тамошните власти. Според германскиот министер за здравство, поради зголемената старост на германското население, постои недостаток од медицински сестри во земјата
– Германија има население кое старее, а тоа ја зголеми потребата за медицински сестри, односно за квалификуван кадар. Проблемот е дека немаме доволно кадар во Германија и затоа ни е потребен млад кадар кој ќе дојде да работи како медицински сестри во нашиот систем. Токму затоа сакаме да соработуваме со други земји. Досега имаме соработка со Косово и Филипини. – рече министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан.
Во Македонија и онака е драстично зголемен бројот на млад медицински кадар кој ја напушта земјата за да оствари пристоен живот надвор од земјава. Ова ќе значи дополнителен стимул.