ТАЈНИТЕ ШИФРИ НА НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: „Босански проблем“ е знак за агентите и персоналот дека Трамп и Меланија имаат секс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен тајната шифра за водење љубов, претседателот и првата дама ќе имаат и свои уникатни прекари.

donald_melanija

Отпадникот и Ренесанса расправаат за босанскиот проблем“. Кога ќе ја слушнаат оваа кодирана реченица агентите на тајната служба на новиот претседател на САД, со сигурност знаат дека Доналд и Меланија водат љубов.

За сè она што Трамп работи во и надвор од Белата куќа, тајната служба има лозинка, а според пишувањата на „Хафингтон пост“, за моментите кога претседателот води љубов со својата сопруга, шифрата ќе биде „босански проблем”. Инаку, сигурно претпоставивте, во реченицата погоре шифрата „отпадник“ се однесува за Доналд, додека пак „ренесанса“ е неговата сопруга, Меланија.

Трамп не ги смислил овие шифири, тие се изум на неговиот претходник, Барак Обама, кој пред осум години ги предупредил советниците и персоналот дека тој и неговата сопруга можно е да водат љубов во Белата куќа.

– Тој не кажа дека сигурно ќе водат љубов, но рече дека тоа не е исклучено. Не ја отфрли можноста дека брачната должност ќе ја извршуваат и повеќе пати – изјавил близок соработник на Обама.

Обама очигледно бил свесен дека нема да може да се бори против своите сексуални нагони, па му требале шифрирани зборови за јасно да ја извести Мишел што точно сака.

Во 19. век било сосема нормално претседателската двојка да има секс во Белата куќа, но со текот на времето оваа практика станала поретка. Последен претседател кој редовно имал секс во претседателската резиденција бил Калвин Кулиџ, чиј сексуален живот со неговата сопруга станал поинтензивен откако починал нивниот помлад син.

Така, ако Доналд и Меланија започнат да зборуваат за Босна, агентите ќе мора да се сетат за „босанскиот проблем“.

Според „Хафингтон Пост“, босанските власти не биле расположени да ја коментираат оваа несекојдневна шифра.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This