- Advertisement -
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните часови и ќе дува засилен јужен ветер, на места над 70км/час.
Утре врнежите ќе бидат претежно во западните делови, а во недела насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2) во форма на невреме.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег.
Ќе дува засилен северозападен ветер.
Погледнете какво време не` очекува до вторник.