- Advertisement -
Припадниците на ФСБ изведуваат специјална операција во Бахчисарај за ликвидирање на ќелиите на терористичката организација „Хизб ут тахрир“, рече шефот на државниот Комитет за меѓународни работи на кримската власт Заур Смирнов.
Пoлицијата врши рација во местата каде што живеат осомничените за вмешаност во оваа терористичка организација, објаснува Смирнов.
Тој нагласува дека во крим е во тек системска борба против терористичките и екстремистичките организации
„Партијата на исламското ослободување (Хизб ут тахрир ел ислами) во неколку земји е прогласена за терористичка, во Русија е забранета според одлуката на Врховниот суд. Целта на организацијата е елиминирање на немуслиманската Влада и воспоставување на ,,Светски исламски калифат“.
Членовите на „Хизб ут тахрир“ редовно се апсат во различни руски региони, пред се во големите градови на централна Русија,Поволжј, Сибир, како и на Крим.
Полицијата во Татарстан соопшти дека ги прекинала дејствијата на групата од „Хизб ут тахрир“, која планирала терористички напад, помеѓу останатото и на фабриката за производство на авиони во Казањ.