Во светот, а посебно во Европа во декември се пријавени повеќе од 10.000 нови жаришта на Афричканска чума кај свињите.
Најпогодена од овој вирус е источна Европа. За оваа болест нема лек освен еутанизација на сите заразени и сите за кои постои сомнеж дека биле во контакт со заразените свињи.
Кога веќе станува збор за земјите во регионот, најпогодена е Романија каде само минатиот месец се убиени 6000 диви и домашни свињи.
Во Бугарија се пријавени нови случаи на Афричката чума. Загрижувачка е ситуацијата во Полска, Словенија, Унгарија, Украјна, Молдавија додека пак нови жаришта се пријавени и во Русија .