МЕСИ ИЗЈАВИ: Дуелите со Роналдо ќе се паметат засекогаш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лионел Меси отворено зборуваше за неговиот „специјален“ дyeл со Кристијано Роналдо, кој ќе остане запаматен секогаш откако неговиот pивaл си замина во Серија А.

Со Меси како лидер на Барселона и Роналдо како лидер на Реал Мадрид од 2009 до 2018 година, двете фудбалски суперѕвезди доминираа во светскиот фудбал, освојувајќи 11 од последните 12 „Златни топки“ и Аргентинецот смета дека долговечноста и интензитетот на pивaлcтвoтo со Роналдо ќе биде нешто што фудбалските фанови никогаш нема да го заборават.

„Тоа беше специјален дyeл и ќе остане засекогаш, бидејќи траеше толку долго, а не е лесно да се заддржи високо ниво толку време. Покрај тоа, тимовите во кои игравме исто така бараа многу, Реал Мадрид и Барса, двата најголеми клубови на светот. Тоа што бевме на еднакво ниво толку години, мислам дека тоа ќе остане засекогаш. Спортскиот дyeл беше исто толку добар на лично ниво, и мислам дека љубителите на фудбалот добро се забавуваа“, вели Меси во интервју за „ДАЗН“.

Меси посебно добри сеќавања има во „Ел класико“ дyeлитe со Реал, кои биле поважни кога Португалецот бил во Мадрид.

„Секако, кога Кристијано беше во Реал Мадрид тие мечеви секогаш беа посебни. Против Реал секогаш е интересно да се игра, но со Кристијано беше поинаку. Но, тоа е етапа која ја поминавме во нашите кариери и сега гледаме кон иднината“, додава Меси.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This