April 30, 2024, 10:11 am

ШИЛЕГОВ СЕ ПОДНОВИЛ СО ТРИ СТАНА : Кога СДСМ го бојкотираше Собранието и платеничката револуција го уништуваше Скопје, Шилегов се богатеше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лицемерието, манипулациите и безобразното богатење на функционерите на СДСМ, кулминираат, истакнува на денешната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

dragan-danev-640x363

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Данев

Колку е устата поисполнета со навреди и обвинувања против „режимот“, толку повеќе се полнат џебовите со стотици илјади евра.

Борецот против режим, пратеникот Петре Шилегов, за само две години го зголемил своето конто за над 200 000 евра.
 Тоа се преку 100 000 евра годишно или околу 9 000 евра месечно.

Во новиот анкетен лист, богаташот Шилегов пријавува три нови стана на име на сопругата. Двата стана од 64 и 72 метри квадратни семејството Шилегови си ги купиле во 2015 година, кога пратеникот Петре Шилегов го бојкотираше Собранието. Третиот стан од 68 квадрати си го купиле лани додека платеничката револуција дивееше и уништуваше се низ Скопје.

Три стана не се купуваат со пратеничка плата. 9000 евра месечно не се заработуваат со работа во Собранието.

Дали Петре Шилегов е новата Радмила Шекеринска?

Дали Петре Шилегов сам себе си изнајмува станови и наплаќа кирии од неговото адвокатско друштво?

Дали Петре Шилегов си наплаќа консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво, додека ја извршува функцијата пратеник?

200 000 евра приходи за две години се многу. Дури и во случај на режим. Граѓаните треба да знаат како пратеникот Шилегов успева да фрла бои по институции, да  ја извршува функцијата и годишно да го збогатува банкарското салдо за по 100 000 евра.

Тоа е Петре Шилегов. Тоа е политиката на СДСМ. Не ме гледај што правам, слушај ме што ти зборувам.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This