ЗАТВОРЕН ГЛАВНИОТ ГАСОВОД: Се затвораат нафтените полиња во јужниот дел на Либија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Либиската Национална нафтена коорпорација (НОЦ) објави дека го намалува производството во нафтените полиња „Ел Шарара“ и „Ел Фил“, откако силите на либиската Национална apмија (ЛНА) под команда на Калиф Хафтар го затворија главниот гасовод од овие полиња.

-НОЦ потврди дека поединци од гардата кои ги чуваат нафтените централи со команда на ЛНК го затвориле нафтоводот Хамад-Зави, принудувајќи ја корпорацијата да го ограничи производството на нафта во нафтените полиња „Ел Шарара“ и „Ел Фил“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, светските лидери се близу до постигнување договор на мировната конференција за Либија во Берлин за нацрт-извештајот, изјави учесник за „Ројтерс“.

Германија и ОН, како домаќини на конференцијата, се обидуваат да го вратат Хафтар на преговарачката маса откако тој ги напушти преговорите, при што производството на нафта е намалено за половина во областите под негова контрола.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This