Косовските опозицски партии најавија „силен отпор“ за да го спречат ратификувањето на договорите за демаркација на границата со Црна Гора и за формирањето на Заедницата на српски општини. Сепак, и покрај ваквите најави, владините коалциски партнери се одлучни во намерата овие договори да бидат усвоени во Парлементот.
Советникот на косовскиот премиер Иса Мстафа, Бајрам Гецај, за весникот „Зери“ изјави дека формирањето на Заедницата на српски општини е обрска на Косово. Доколку договорот за демаркација на границата со Црна Гора не биде ратиикуван од страна на косовскиот Парламент до крајот на овој месец, Косово нема да добие визна либерализација за патување на неговите граѓани во ЕУ.