Чизмите „Др Мартинс“ се дизајнирани во Германија, а произведени во Нортемптон, Велика Британија, во 1960 година. Биле зaштитeн знак на поштарите, полицајците и луѓето кои многу време поминуваат стоејќи.
https://www.instagram.com/p/B7Ov52enp20/?utm_source=ig_web_copy_link
Но во 70-тите и 80-тите години на минатиот век станаа значајно обележје на стилот на младите и бyнтoвнитe, пред сè љубителите на панкот, кои ги комбинираат со кoжни јакни и фармерки.
Како што се врати панкот на голема врата во светот на модата, мартинките ги доживејаа своите пет минути. Сè почесто ги гледаме на пистите, а многу познати креатори соработувале со „Др Мартинс“ по повод новата колекција.
https://www.instagram.com/p/B5dn91jHBBs/?utm_source=ig_web_copy_link
Денеска можеме да ги најдеме во широка палета на бои, украсени со цвеќиња и со различни други апликации.