(Видео) БОРБА СО БРОЈКИ, А НЕ БОРБА СО ЗАРАЗА: Власта и Венко Филипче манипулираат со бројки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен отсуството на реални чекори за справување со кризата од пандемијата од Ковид 19 се случува и вистински хаос со тестирањето на новозаразени, изјави на прес конференцијата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Отворено се сомневаме дека Комисијата за заразни болести и Венко Филипче манипулираат со бројот на новозаразени. Доволен доказ за тоа беа случаевите што ги спомнав пред само два дена за градовите Штип и Велес каде што во Штип Филипче се обиде да сокрие 13 новозаболени, а во Велес 2.

За ова говорат секојдневните различни бројки кои се лиферуваат токму од Министерството за здравство како и филувањето на пикот кој што се разблажува со тоа што новозаразените од еден ден се кажуваат низ повеќе денови. Но, воедно се говори за една интерна одлука, а тоа е оние кои се асимптоматични заразени кои дошле во допир со заразени да не се тестираат. Таа бројка се говори дека воопшто не е мала, туку над 200. За оваа сепак треба да одговорат од министерството за здравството дали е точно. Ако е точно, тоа е потенцијална уште една експлозија на над 200 потенцијални кластери кои ќе заразат уште повеќе.

Ова покажува дека за Венко Филипче, Зоран Заев и Комисијата, партиската комисија за заразни болести се претвора во борба за бројки, а не во борба против заразата. Да не се дрзнуваат помалку да тестираат ниту пак да ги релативизираат работите. Македонија има за жал неславна статистика на 1 милион жители и за жал сме предмет на потсмев на сите во регионот бидејки сите ја победија заразата, само Република Македонија не. За жал тоа е заради неспособната влада.

Граѓаните се исплашени и со право. Треба сериозен пристап во оваа борба, но за жал имаме несериозна влада и тоа граѓаните го плаќаат со своето здравје и со своите животи.

Видео обраќањето можете да го проследите ТУКА

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This