- Advertisement -
За сите љубители на сладолед – одличен рецепт.
СОСТОЈКИ:
1 зрело авокадо, 250 мл слатка павлака, 250 гр густ јогурт, 4 лажици шеќерен сируп, 1 бурбон ванилин шеќер, 1 лимета.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Добро измиксајте авокадо со малку слатка павлака, а потоа разматете го остатокот од слатката павлака.
Додајте шеќерен сируп, густ јогурт, авокадо, ванилин шеќер, сок и кора од една лимета.
Сѐ добро измешајте, а потоа ставете во сад и оставете во фрижидер да замрзне. Сервирајте со малку свежо нане.
Уживајте!