Повторно прогласена cоcтојбa на eпидeмијa во БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Босна и Херцеговина денеска повторно е прогласена состојба на епидемија, со цел поефикасно дејствување за да се спречи ширењето на коронавирусот.

-Прогласувањето епидемија на Ковид-19 на целата територија на Федерацијата на БиХ подразбира пооперативно дејствување на сите релевантни институции кои спроведуваат мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во соопштението се додава дека прогласувањето епидемија не значи воведување нови рестриктивни мерки, туку само ќе се настојува поефикасно да се спроведуваат веќе пропишаните.

Станува збор за одржување физичка дистанца, забрана за големи собири и обврска за носење заштитни маски во затворен простор, но и на некои отворени простори, како што се пазарите.

Директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Жељковиќ, на прес-конференција, денеска рече дека епидемиолошката состојба таму може да се опише како неповолна.

Тој најави дека наскоро најверојатно ќе биде воведена обврската за носење заштитни маски на отворено.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This