Стигна на ред и Зоран Заев да упати честитки до Македонската полиција. До полицајците кои три години брутално ги измачуваше, и ги двоеше од своите семејства поради протестите организирани под негова команда.
Истиот оној човек, кој даваше наредби полицијата да се гаѓа со бекатон плочки, човекот врз чиј грб паѓаат и жртвите на титаните од случувањата во Диво Насеље, истиот оној кој им честиташе на терористичките јатаци само ден по завршувањето на акцијата, денес на 7-ми мај бесрамно, понижувачки и со потсмев го честита празникот на полицијата.
За перверзијата да биде поголема, во честитката на Заев се споменуваат и „обидите за дестабилизација“ на кои полицијата реагирала најпрофесионално, заборавајќи дека причината за обидите за дестабилизација е токму тој.
Три години политчка криза, десетици полицајци во болници, и осум загинати. Тоа е резултатот од сценариото во кое Заев е само марионета.
И денес, во невиден излив на безобразлук и лицемерие, со невидена дрскост на полицајците кои страдаа поради сценариото во кое тој имаше главна улога, им го честита денот.