- Advertisement -
Мене Деловникот ми дава збор, возврати пратеникот Влатко Ѓорчев
Претседателот на Собранието, Талат Џафери не му даде збор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, со образложение дека дошол на говорница без одобрение од спикерот.
– Оди на свое место Ѓорчев, не можеш да бидеш на говорница додека не добиеш збор – рече Џафери.
Ѓорчев не се помести од место и одби да се врати на своето столче.
– Мене Деловникот ми дава збор – возврати Ѓорчев.