Судијката Рут Бадер Гинзберг, една од највлијателните жени во Америка, легендарна активистка за правата на жените и втората жена назначена во Врховниот суд на САД, почина во својот дом во Вашингтон на 87-годишна возраст по тешко боледување, со што останува отворена сцената з ауште еден судир помеѓу републиканците и демократите, за избор на нејзин наследник.
Според медиумите, битката ќе се води околу тоа дали претседателот Доналд Трамп треба да назначи, а Сенатот, во кој републиканците имаат мнозинство, ја потврдуваат нејзината замена или нејзината позиција треба да остане празна сè додека не се знае резултатот од претседателската трка.