(Видео) Ce зaнecoл, па зaбopaвил на кaмepитe: Пpaтeник фaтeн во akциja со пapтнepкaта во тeкoт на виpтyeлнa ceдницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеник во Аргентина е суспендиран откако камерата го забележала како ја милува својата партнерка, пред делумно да и ја повлече маицата надолу, во текот на виртуелната седница на долниот дом на Конгресот.

Во текот на специјалната седница на која неколку пратеници присуствувале во живо, а повеќето преку видео-линк, политичарот Хуан Емилио Амери бил снимен како седи со својата партнерка пред непристојниот чин.

Набрзо по инцидентот, кој станал вирален на интернет и предизвикал незадоволство во јавноста во Аргентина, пратениците гласале за суспендирање на Амери.

Амери е пратеник од северната провинција Салта во владејачката коалиција. Амери за локално радио рекол дека се чувствува лошо поради се што се случило.

Тој додал дека неговата интернет конекција била лоша и дека не бил свесен дека е фатен во интимниот момент со својата партнерка, пренесува “Reuters”.

Владејачката коалиција во соопштението навела дека ќе ја повика комисијата за да ги одреди конечните санкции за Амери.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This