Непроценлива е штетата која ја направи деструктивната политика на СДС и пропагандата финансирана од Сорос и УСАИД, во битката по секоја цена да го донесат Зоран Заев на власт. Наместо среќа и радост на националниот спортски успех, наместо придружување кон честитките кои до Македонија и Вардар пристигнуваат од сите страни на светот, новинари, активисти и експоненти на СДС се трудат што повеќе да исплукаат кон победата на Вардар
Братот на Сашо Ордановски, на Твитер заедно со Бранко Ѓеровски ги навредуваа ракометарите дека биле „мајмуни“, а навивачите „глупави криминалци“.
Освен овие двајца, и членовите на т.н. „шарена“ револуција безобразно и со навредливи коментари плукаат по навивачите и ракометарите, нарекувајќи ги „глупави дпмнеовци“, како и „политички мотивирани“ навивачи.
Меѓу оние кои плукаа по победата е и новинарот на Утрински Љубиша Станковиќ инаку поддржувач на „шарените“ и еден од основачите на т.н. „Легија на Македонци“, судијата кој го затвори А1 Владимир Туфегџиќ инаку татко на пратеничката од СДС Ивана Туфегџиќ, како и низа други шарени.