- Advertisement -
Volkswagen Golf ја доби осмата верзија од R- линијата на ниво на опременост.
Инжењерите од Volkswagen се погрижија оваа верзија да ја направат вистински конкурент на останатите таканаречени „жешки хечбек“ модели, како Audi RS3 и Мercedes A45 AMG.
Новиот модел го носи 4-motion погонот со DSG менувач, сплотен со 2.0 TSI моторот кој произведува 315 коњски сили, 27 повеќе од претходниот модел.
Volkswagen Golf R ќе се најде на улиците некаде во средината на 2021.