Германски научници тврдат: Три пијалоци ги yништуваат кopоната и грипот за пет минути

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три пијалоци можат речиси целосно да го уништат вирусот корона кај луѓето, објавија германските истражувачи од Универзитетот во Улм.

Германски научници од Институтот за молекуларна вирусологија на Универзитетскиот медицински центар во Улм, истражувале како храната што се користи секој ден може да влијае на ширењето на вирусот корона, но и на грипот.

Како што наведоа, респираторните вируси првично ги инфицираат носните и усните шуплини, каде што се размножуваат, предизвикуваат симптоми и можат да се пренесат од таму на други луѓе.

Според нивните откритија, спречувањето на почетната инфекција или намалувањето на концентрацијата на вирусот во носната и усната шуплина може да го намали ширењето кај другите, но исто така да ги ублажи симптомите и да се прошири на белите дробови.

Во неодамна објавена студија, научниците открија дека сокот од аронија, сок од калинка и зелен чај имаат значајна антивирусна улога и против вирусите, и од грипот и од короната.

Мешавина од сок од аронија и вода, кога се користи за плакнење на грлото, уништува 97% од вирусот корона во усната шуплина по само пет минути, според германските научници. Сокот од калинка и зелениот чај убиваат 80 проценти од вирусот по една минута испирање.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This