Попладнево повторно се активираше пожарот во депонијата кај Струга, јавува дописникот на Алсат М.
Пожарот избувнал пред 14 часот и во моментов гори југозападната страна на депонијата, а на теренот може да се забележи како огнените пламени со гаснат со по една цистерна со вода.
Црни облаци чад се надвиснуваат над Струга, се шири непријатна миризба, а дува и ветер. Поради тоа чадот забрзано се шири кон градот и околните села.
Ова ново активирање на пожарот доаѓа само една недела откако беше преземена акција за гаснење на претходниот пожар и откако депонијата беше покривана со земја и песок за да се спречат нови вакви непогоди.