- Advertisement -
Тетовската полиција завчеравечер околу 22 часот не влегла да интервенира во семејна куќа во градот по пријава за тешко семејно насилство од жена, додека ја тегнел и тепал сопругот пред трите малолетни деца. Не влегла, затоа што насилникот бил позитивен на коронавирус и со развиени симптоми, а полицајците немале заштитна опрема.
Полицијата ѝ се јавувала на жената во опасност по телефон, да слушаат дежурните што се случува „во живо“ во куќата, додека насилникот ја малтретирал сопругата пред децата.