Внимавајте на сончевото и топло време, денес УВ-индексот е 9

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Претпладне со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на локална нестабилност со локален пороен дожд и грмежи особено во југоисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и топло со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.

Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални дневни температури. Уште потопло се очекува да биде во четврток кога долж Повардарието и Пелагонија се очекува температурата да достигне 40 степени. Не е исклучено во петок и сабота наместа температурата да се надмине и 40 степен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This