ОВЕН
Работа: Надредената личност е задоволна од вашето залагање. Ви доделува важна улога во новиот работен проект врзан за странци.
Љубов: Сте се оддалечиле од брачниот партнер. Се сомневате дека односот може да се одржи.
Здравје: Стабилно здравје.
БИК
Работа: Јавноста е заинтересирана за вашиот успех. Ви годат комплиментите и интересот за вашата работа.
Љубов: Загрижени сте поради бракот. Сакате да го одржите, но сте свесни дека другата страна е ладна.
Здравје: Дишните органи се чувствителни.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ве загрижува лошата финансиска ситуација. Предност давате на обврските кои носат пари, но и покрај тоа, нема значајно подобрување.
Љубов: Ви смета ладниот однос на партнерот. Се плашите да не ве остави.
Здравје: Проблеми со коските.
РАК
Работа: Ве очекува голем работен успех. Работните разговори со странски соработници, конечно, носат до потпишување на спогодба за заеднички проект.
Љубов: Вашите чувства кон партнерот исчезнуваат.
Здравје: Стабилно здравје.
ЛАВ
Работа: Горди сте на себе затоа што исклучиво сте сами одговорни за работниот успех.
Љубов: Ве очекува ново познанство со расположена личност.
Здравје: Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа: Работата нормално се одвива. Ве загрижуваат финансиите и иненадувачки трошок кој го дочекувате неподготвени.
Љубов: Одличен ден за ново познанство со духовита и паметна личност.
Здравје: Уринарна инфекција е можна.
ВАГА
Работа: Работата се одвива на вообичаен начин, без никакви проблеми. Ве очекува финансиска добивка.
Љубов: Во односот со партнерот имате проблеми. Несигурни сте од што произлегува одредено однесување кое му пречи на партнерот.
Здравје: Алергија е можна.
ШКОРПИЈА
Работа: Се соочувате со проблеми на работа. Надредената личност бара извештај и вие отворено и кажувате за ситуацијата.
Љубов: Вашите емоции се стабилни и интензивни. Посветувате време на саканата личност и уживате.
Здравје: Можна е главоболка.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Запознавате колега од вашата област. Имате впечаток дека може да остварите задоволувачка соработка.
Љубов: Ве очекува ново познанство преку рбота. Ви се допаѓа енергијата и отпмизмот од другата страна.
Здравје: Дишните органи се чувствителни.
ЈАРЕЦ
Работа: Прелиминарниот состанок со странците одлично поминува. Другата страна остава одличен впечаток, така да сте уверени во успех.
Љубов: На љубителите на душтвените мрежи претстои интересно познанство.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
ВОДОЛИЈА
Работа: Задоволни сте од ситуацијата на работа. Со странците имате одлична соработка, а ве чека прилив на финансии.
Љубов: Ве очекува ново познанство. Имате впечаток дека под ладната фасада се крие оган.
Здравје: Стомакот е чувствителен.
РИБИ
Работа: Максимално сте посветени на работните обврски. Сепак, резултатите кои ги очеквуате не се во склад со реалните вложувања.
Љубов: Ве очекува ново познанство на краток пат или со личност која не е од вашето место.
Здравје: Проблеми со хормоните.