(Видео) Нова зграда ги става во опacност животите на жителите на Кисела вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На улица „Невена Ѓорѓиева Дуња“, во Кисела Вода, на околу 200 метри од општината, се гради нова седумкатна зграда во која се планирани околу 100 станови.

На барање на жителите кои во околните куќи и згради , а кои посочуваат на низа недоследности поврзани директно со новата градба, реагираше советникот во Советот на општина Кисела Вода, Орце Ѓеоѓиевски.

Како што може да се види на видеото кое, Ѓорѓиевски го објави на својот фејсбук профил, се гледа една ископана површина, околу која не се поставени заштитни стопи и која што на никаков начин не е заштитена. Животите на жителите во околните згради се доводени во опаснот и при најмал дожд. Дополнително, со начинот на кој што е ископана дупката, е одронет дел од споредната улица која што поминува непосредно до куќите, што претставува опасност при одрон кој што може да ги повлече и зградите и куќите.

Фирмата која го изведува проектот, до минатиот петок, како што изјави Ѓорѓиевски, немала дозвола за работа. Дополнителни сомнителни околности се што фирмата денес закачила одобрување за градба, а работи на градилиштето се изведуваат веќе 10-15 дена.. , но за отпочнување со работа по издавање на дозвола за градба потребно е да настапи правосилност, па дури потоа да се започне со работа.

Ѓорѓиевски посочува дека ова е класичен пример за криминалот на градежната мафија која што владее во општина Кисела Вода, на чело со градоначалникот Филип Темелковски.

Тој упати апел до градежниот инспекторат веднаш да постапи по укажувањата на граѓаните во тој реѓион, но и на советниците во Советот на општина Кисела Вода.

„Овој криминал, ова градежно лудило, ова градежна експанзија, мора да запре“, апелираше Ѓорѓиевски.

По барање на граѓаните кои живеат во соседните згради и во куќата наспроти мене, на ул. ,,Невена Георгиева – Дуња" во Кисела Вода и кои што посочуваат на низа недоследности односно, на ова место треба да никне 7 – катна зграда.Точно зад мене, на местото каде што има зграда во која живеат околу 150 луѓе се наоѓа една ископана дупка која не е заштитена на никаков начин. Можете ли да ја замислите сериозноста за тоа во каква животна опасност може да се доведат луѓето кои живеат токму во оваа зграда доколку падне дожд?Дополнително, со раскопувањето на оваа површина е одронат и дел од споредната уличка веднаш до куќите и може да предизвика свлечиште со што може да ги повлече и куќите, но и зградите во овој дел.Имено, до петокот оваа фирма немаше одобрение за градба.Сега, има закачено, но под крајно сомнителни околности бидејќи законски, откако ќе се добие одобрение, прво мора да има правосилност па дури потоа да се почне со градба што не е случај овде. Овде се работи 15 дена претходно.Ова е уште еден класичен пример за криминалот на градежната мафија на чело со градоначалникот Темелковски.Апелирам веднаш градежниот инспекторат да излезе на терен и да ги земе во предвид укажувањата на граѓаните кои живеат овде, но и на нас како советници.Градежната мафија мора да запре!

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Tuesday, December 15, 2020

.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This