- Advertisement -
Околу 5 часот утрово во кафе бар во Белград е фрлена експлозивна направа која причинила значителна материјална штета. Се работи за кафе барот „Д 59 Б“ во Добрачинска улица во Белград.
Оштетена е фасадата на зградата, автомобили и придружни објекти.
Белградските медиуми јавуваат дека мотивите се непознати за овој акт и дека полицијата јавува дека истрагата е во тек и наскоро ќе излезат со детали од истата.