Медиумите блиски до СДСМ прашуваат зошто Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски се уште не се уапсени иако знаат дека тоа не е можно. Јасно е дека налози за апсење не може да има ако решението не е правосилно, а не е бидејќи осомничените имаат право на жалба, пишува Телеграф.
Грујевски, Јакимовски и Бошковски се опфатени во предметите „Таргет“ и „Тврдина“ на СЈО. Откако кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 ги одби барањата за притвор, второстепениот суд ги уважи жалбите на обвинителството.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека судот донел срамна одлука и дека паднал под притисокот на СДСМ,СЈО и нивните медиуми.
-Одлука на судот го погреба концептот на правна држава. Одлуката за притвор која ја донесоа нема никаква правна основа, туку е партиско политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Република Македонија-велат од опозициската партија.