Досега околу 4000 странци се вакцинирале во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Србија досега се вакцинирани околу 4.000 странци, што е помалку од еден отсто од вкупниот број на граѓани, 481.974 кои ја примиле вакцината, дознава Блиц.рс.

Факт е дека на е-управата на која се пријавуваат за вакцинација граѓаните на Србија, од првиот ден постојат уште две отворени опции – странски државјани со престој во Србија и странски државјани без престој во Србија.

За Блиц.рс извори од Владата наведуваат дека на странските државјани не им се наплаќа вакцината.

Србија го привлече светското внимание бидејќи е прва во Европа по бројот на вакцинирани лица на 100 жители во последната недела, додека трето место е според бројот на вакцинирани во светот. Според овие податоци пред Србија се само Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Според достапниот прашалник на е-управата, и странците можат да искажат интерес и да бираат меѓу вакцините на Фајзер/Бионтек, Модерна, Спутник V, Астразенека/Оксфорд и Синофарм.

Според наводите објавени во црногорските медиуми, вакцинацијата во Србија е по „комерцијална цена и една доза чини околу 70 евра“. Тамошните медиуми не наведоа додатни информации ниту разјасниле како се спроведува „комерцијална вакцинација против ковид во Србија“.

Извор: Блиц.рс

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This