(Видео) Огpoмнa зaплeнa вo Црна Гора: Пoлициjaтa yaпcи 24 лицa кoи швepцyвaлe 2.5 тoни mapихyaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во обемната полициска акција на „Замка“ во Црна Гора, денес беа уапсени 24 лица, кои се товарат за шверц на 2,5 тони марихуана.

Акцијата ја спроведоа службениците на Секторот за борба против организиран криминал и корупција – Одделот за борба против шверц на дрога.

Во полициското соопштение се наведува дека организаторите и членовите на криминалната организација обвинети за криумчарење големи количини марихуана, од правец на Албанија, преку територијата на Црна Гора, во земјите од регионот и понатаму кон земјите од Европската унија, биле уапсен.

Во досегашната истрага, со пресекување на шверцерските патишта што ги користеле членовите на оваа криминална група во 11 индивидуални заплени, била пронајдена и одземена половина тон марихуана.

Наведено е дека во обемната акција учествувале 180 полицајци – припадници на Специјалниот полициски сектор, Граничната полициска станица Улцињ и безбедносните центри во Никшиќ, Херцег Нови, Бар и Подгорица.

За време на акцијата биле одземени пет возила, глисер, пиштол и ловечка пушка, како и вага за прецизно мерење, пари, неколку телефони и СИМ-картички.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This