April 30, 2024, 10:20 am

Утpe и зaдyтpe бeз cтpyja пoвeќe cкoпcки oпштини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без струја утре и задутре ќе останат дел од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Карпош.

Како што информираат од РЦУК Скопје, утре без струја од 9 до 11 часот ќе бидат потрошувачите од улиците бр. 9 и 10 во село Идризово, во општина Гази Баба, од 9 до 14:30 часот, корисниците од дел од улицата „Киро Фетак“ во населба Драчево.

Улиците „Александар Мартулков“ и „Крсте Гермов – Шакир“ во Ѓорче Петров ќе бидат без струја од 9 до 15 часот, од 12 до 14 часот без струја ќе биде улицата „Милан Мијалковиќ“ во околината на куќен број 3, во Кисела Вода, и од 12 до 16 часот дел од улиците „Балканска“ и „Жил Верн“, корисниците кои се напојуваат од воздушната мрежа во Кисела Вода.

Задутре од 8 до 15 часот без струја ќе бидат потрошувачите од улица „Лазар Поп Трајков“, броеви 25, 27, 29, 31 и 33 во општина Гази Баба, од 8:45 до 10:30 часот, корисниците од селата: Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ во општина Сарај, а од 9 до 14 часот, корисниците од село Крушопек, исто така, во Сарај.

Од 10 до 14 часот без струја ќе биде и дел од од улицата „Варшавска“ во општина Карпош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This