Освен чистење и дератизација на подрумски простории и автомобили, но и блокирање на критички медиуми, Драги Рашковски наоѓа и време секој вторник да ја лаже јавноста но и пациентите со терминални болести, дека во вторник ќе ги формира комисиите кои треба да ги испраќаат на лекување во странство
Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски најави дека до вторник ќе бидат избрани нови управни одбори секаде, па така и во Фондот за здравствено осигурување, но не кажа кој вторник. Тој очигледно не е свесен дека човечкиот живот нема цена и кога се работи за лекарски интервенции, тие не можат да чекаат.Чекањето на лекување, често пати се плаќа со живот. За Рашковски непотребно се правело драма околу изборот на УО во ФЗОМ.
-До вторник ќе бидат назначени нови управни одбори, така ќе биде и во Фондот за здравство. Нека не драматизираат, ова е нормална процедура така што за неколку дена нема да се смени ништо – изјави Рашковски, а пациените прашуваат дали навистина е драматизирање неможноста да се одлучува во врска со лекувањето, посебно на пациентите кои се во тешка состојба.