Општина Радовиш ќе потроши над 4 милиони денари за привремени вработувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Радовиш ќе троши над 4 милиони денари за привремени вработувања. Имено, на официјалната страна на системот на јавни набавки објавен е оглас од страна на општина Радовиш каде во делот на предмет на договорот за јавна набавка стои ангажирање на приватна агенција за привремено вработувања додека во делот на проценета вредност стои износот 3.813.559 денари.

Општините континуирано трупаат вработени во и онака преголемата администрација. Она што е симптоматично според критичарите е дека има се поголем број на вработувања како се наближуваат локалните избори. Познавачите велат дека иако владата ветувала кратење на непотребните вработувања и намалување на администрацијата забележани се се поголем број на вработувања во општините и во државните институции што се коси со изјавите на претставниците на власта.

Дополнително поразително е дека голем дел од општините се во долгови поради неефикасно менаџирање на буџетот додека државата и понатаму им ги простува долговите кои ги праваат. Инаку власта пред да дојде на власт критикуваше дека има огромен број на вработувања но според експертите во измнинатите 3 години вработувањата во државните институции не престануваат.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This