Силен земјотрeс денес ги погоди Сисак и Петриња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди областа Сисак и Петриња, а истиот се почувствува и во Загреб.

Претходно беше објавено дека јачината на земјотресот е 3,7 степени.

„Во 13:08 часот, сеизмолозите регистрираа прилично силен земјотрес со епицентар недалеку од Петриња, во близина на Глинска Полјана. Јачината на земјотресот била 4,0 според Рихтер, а интензитетот бил во епицентарот на 5-тиот степен на скалата ЕМС“, соопшти Сеизмолошката служба.

Епицентарот бил на 16 километри од Сисак и 30 километри северно од Загреб, пренесува Танјуг.

Земјотресот го почувствуваа и членовите на хрватската влада на денешната седница, пренесува Индекс.хр.

На снимката од сесијата може да се слушне како премиерот Андреј Пленковиќ вели: „Тука се почувствува и земјотрес“.

По овој прв удар, во Сисак и неговата околина се почувствуваа уште два лесни потреси, со јачина од 2,3 и 1,5 степени според Рихтеровата скала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This