Груевски оствари средби со амбасадорите на Бугарија и Велика Британија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија има интерес за развивање и продлабочување на односите со соседна Република Бугарија, бидејќи е взаемен интерес натамошниот прогрес на земјава во евро-атлантските инеграции, беше заклучено на средбата помеѓу Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Амбасадорот на Р. Бугарија Иван Великов Петков, соопшти денеска партијата.

Оттаму велат дека бугарскиот амбасадор Петков посочил оти со потпишување на договорот за добрососедство се затвара едно исклучително важно прашање, а Македонија добива уште еден партнер и поддржувач во нејзините напори за членство во ЕУ и НАТО.

-Претседателот Никола Груевски, позитивно ја оцени волјата на Република  Бугарија да помогне во остварување на овие цели, бидејќи истите се приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ напорно работеше во приближување на ставовите на двете земји за потпишување на фер договор и дека заради нетранспарентноста во која што актуелната влада го водеше процесот сега се вознемирува и општата и стручната јавност. Како партија ВМРО-ДПМНЕ даде неколку конструктивни предлози кои доколку се вградат во финалната верзија, значително би го подобриле договорот и би биле јасен показател за искреноста на двете страни во подобрувањето на односите, посочи Груевски. Според Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ откако партијата ќе ја има на увид финалната верзија на договорот и откако истата ќе биде анализирана во партиските тела и комисии, ВМРО-ДПМНЕ ќе заземе став во однос на истиот, се вели во соопштението од партијата.


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се сретна и со Амбасадорот на Велика Британија Чарлс Герет. Од страна на Груевски, соопштуваат од партијата, беше особено истакнато значењето на брзото зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО и очекувањето западните партнери да дадат максимален придонес во оваа насока. На средбата беше разговарано за повеќе актуелни теми со посебен осврт на незаконските чистки и бруталната партизација која што СДС ја спроведува во сите области. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ ја потенцираше политичката злоупотреба на СЈО и континуираните притисоци врз судовите за носење одлуки нои не се базираат на аргументи и на право. Исто така, се вели во соопштението, се разговараше и за притисоците врз медиумите кои резултираа со неизбалансирано информирање исклучиво во полза на владеачката коалиција што го загрозува правото на јавноста да добива точни и проверени информации за прашања кои се од интерес на граѓаните.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This