Вистинска драма се случувала во Порта Влае, поточно на семафорите кај надвозникот „Влајко“, дознава „Плусинфо“
Пред околу половина час, засега непознати лица со друго возило го попречиле патот на автомобилот марка „Голф 5“ и целосно го демолирале.
Според зборовите на очевидците од местото на настанот, се сѐ случувало многу бргу, напаѓачите откако го сопреле возилото, излегле од нивниот автомобил и со палки во рацете почнале да удираат и ги искршиле сите стакла. Откако завршиле со нападот тие влегле во нивното возило и избегале.
Патниците во „голфот“, според неофицијални информации, се здобиле со повреди, но засега не е познато од каков карактер.
Веднаш по настанот била повикана полицијата која во моментов го обезбедува местото, каде што се случил нападот.