Руската милитаризација на Крим претставува зakaна за безбедноста на целиот свет, тврди претставникот на САД во ОНН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската милитаризација на Крим претставува закана за „нашата заедничка безбедност“, рече постојаниот претставник на САД во ООН Ричард Милс.

„Растечката милитаризација на Крим од страна на Русија претставува сериозна и растечка закана за нашата заедничка безбедност“, рече Милс на седницата на Генералното собрание на ООН посветена на „ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина“.
Тој ја повтори својата претходна теза дека Соединетите држави „ икогаш нема да го признаат обидот за припојување на Крим“ и дека американските санкции кон Русија ќе останат на сила се додека Русија не ја промени својата политика кон Украина.

Милс посочи дека Соединетите држави ќе продолжат да „стојат покрај своите партнери во поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

„Ги повикуваме земјите-членки да гласаат во корист на резолуциите на Генералното собрание кои привлекуваат внимание на состојбата со човековите права и милитаризацијата на Крим“, додаде тој.

Крим стана дел од Русија во март 2014 година, по референдумот одржан по пучот во Киев. За обединување со Русија гласаа 96,77 проценти од гласачите на Република Крим и 95,6 проценти од гласачите на Севастопол. Украина сè уште го смета Крим за привремено окупирана територија. Според рускиот претседател Владимир Путин, прашањето за Крим е затворено.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This