Франција бара вакцината на „АстраЗенека“ да се дава само на лица постари од 55 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот медицински регулатор денес одобри да се продолжи со употребата на вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, но укажа дека вакцината треба да се дава само на лица постари од 55 години.

Франција беше меѓу десетина земји што престанаа да ја користат вакцината на „Астра зенека“ на почетокот на оваа недела по извештаите за згрутчување на крвта кај неколку луѓе кои неодамна биле вакцинирани со неа.

Сепак, Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера објави дека вакцината е безбедна и дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, потсетува „Ројтерс“.

ЕМА исто така ја идентификува можноста за зголемен ризик од тромбоза кај лица помлади од 55 години, објави Француската национална здравствена агенција (ХАС).

„ХАС препорачува употреба на вакцината на ‘Астра зенека’ во оваа фаза само кај лица постари од 55 години, кои го претставуваат мнозинството приоритетни луѓе“, според ХАС.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This