Грција ја продолжи зaбрaната за влез на македонски државјани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуките за забрана за влез во Грција на државјани на трети земји и за ограничување на копнените граници со Македонија, Турција и Албанија, грчката Влада ги продолжи за уште две седмици, односно до 5 април 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно министерската одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ за да се ограничи ширењето на болеста што синоќа беше објавена во Службен весник на Грција, продолжени и дополнителните рестрикции за влез во земјата преку граничните премини Евзони со Македонија и Какавиа со Албанија, како и задолжителниот карантин.

Граничните премини Евзони (Богородица) и Какавиа работат од 7 до 19 часот, по локално време, а дневно дозволено е во Грција да влезат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен е домашен карантин од 14 дена.

На овие гранични премини, на сите, задолжително им се прави брз тест, вклучително и на возачите на камионите, а при позитивен резултат нема да биде дозволен влез.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This