Расте бројот на xocпитализирани ковид-пациенти, во Скопје cлободни само 45 места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 59 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информираат од Министерството за здравство. Вчера бројот на новопримени за едно деноноќие беше значајно поголем односно изнесуваше 83.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 1 бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 262 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 45 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 751 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1329 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This