Koгa цpпнaти вoдaт пoлитикa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се тече се се менува, само времето стоо што би рекол Црпко Човекојадец Први самозванец на непостојниот северџан. Веројатно затоа во Македонија, окупирана од западниот неофашизам, никој од т.н политичко-експертутската елита не ги следи и не ги разбира тектоснските промени што што го зафатија светот. Затоа за нив Сонцето што изгева на Запад е единствена опција која гарантира живот и просперитет. Не им е важно што се работи за халуцинација.

Имаше еден министер за надворешни работи на Македонија, Никола Поповски, кој на една панел дебата кај Миленко Неделковски, на мое прашање зошто македонската делегација во ООН гласаше топтан со земјите членки на ЕУ, САД, Канада и Австралија против резолуција во полза на Палестина, ми рече дека Македонија во одлуките се води, односно, секогаш ги следи политиките на СЕРИОЗНИ ДРЖАВИ.

Бев шокирана, на лице место му се втурив, но ме порази сознанието дека министерчево фактички ни призна јавно дека државата Македонија и за него е кулиса и ниту има ниту треба да има своја надворешна политика која извира од нејзините државни интереси. Што значи не е сериозна држава ниту за министерот од кој се очекува да ја застапува. Доволно и било дисциплинирано да следи политики на сериозни држави!!! Оттаму значи она славно мото ,,еден е изборот,, и мантрата ,,нема друга опција,, и на СДСС и на ДПНЕ.

Е па сакам да им кукурикнам на сите такви лејки: Сонцето изгрева на исток, а заоѓа на запад.

Космички стандард! Евроазија годинава и официјално стана еден континент. Нулта точка од кога ќе се мери времето на историската таблица на новиот свет. Покрај стратешкиот документ потпишан од сите азиски држави членки на АСЕАН за соработка, стабилност и безбедност, економски развој и друго, на наши очи видовме како мирната и цивилизирана држава НР Кина,среде САД си избриша кондури со американскиот домаќин најавувајќи му дека ќе ги срони како пченкрни зрна за цела планета да ги види голите евро-атлански кочани.

Сериозни какви се и кочаните и нивните држави и општества! Додека овие и тоа малку култура што ја имаа си ја бришат и чкртаат како штрапани во умот, додека си го сведоа образованието на курсеви за описменување на неписмени и ја испудија паметта од секаде, дечкиве од Евроазија, со акцент на Азија, прават вештачко сонце, менуваат клима, од пустини прават обработлива земја, пошумуваат како луди, градат градови, инфраструктура за поврзување на цел свет на земја, под земја и под вода, западниве идиоти, рушат се што изградиле.

Камен на камен нема да остават, си го бришат сеќавањето. Ги забрануваат и ритуално си ги палат книгите, си ја бришат и она малку спастрена историја што ја имаа, нема ништо со што се идентификуваат или самопрепознаваат. Тонат во лудило зашто немаат корен и не знаат ни кои се ни што се. Останаа она како што ги опиша Хелмут Кол- џин со мозок на бебе. Не се развија, не пораснаа.

Кутрите, само што си помислија дека под превезот на лабораториски произведената КОВИД 19 пандемија (биолошко оружје произведено во 1915 година во воената лабораторија на Пентагон во Северна Каролина и Тексас, а поттурено од Бил Гејтс и жената му Мелинда како постмодерен данајски подарок во Вухан лабораторијата како божем заеднички научен проект, ќе го курдисаат времето да им тече наназад за да изградат подобро минато и да ни го шиткаат како единствена иднина или единствена опција во која никој ќе немал ништо и ќе бил среќен, им се случи тешка хаварија.

Драги мои, Западот зајде! Сериозниве држави и единствената цивилизација во еднополарниот свет, по две три рунди јавно шамарање од страна на Москва и Пекинг, паднаа во кома. Се одржуваат на апарати. Цел свет во живо ја виде и ја гледа меритократијата на западните цивилизирани политичари и нивните елитни прислужници и шкопеници. Па бре, речиси никој од нив не би можел ни да се запише во градинка, а камоли во основно школо во Кина или Русија, во Иран или Турција. За евалуација зборувам.

Гледам цела недела како тече работата на Советот за безбедност на ООН. Рускиот амбасадор и Кинескиот држат банка и ги мачкаат на лепче ,,сериозните држави,, од евроатланскиот цивилизиран свет. Гревчиња!

Ни да гукнат не можат зашто овие девајца ги маваат со факти, со докази, со бројки, со примери, за извршени пљачки, со преврати, со хибридни војни, фингерајки, геноциди над народи, организација и финансирање на колор револуции, со број на жртви во тие бескрајни војни, кризи, колонизаторски лумперајки на западните варвари и вандали.

На нивни очи гледаат како Кина и Русија стокмија алијанса, како градат мултиполарни институции кои ќе ги пензионираат и ММФ и Светска банка а веројатно и Светската трговска организација, како се раѓа евроазиска соработка за изградба на ефикасен одбранбен механизам, за целосно и длабинско реформирање на ООН…

Западот конечно се сретна со својата судбина. Дури ни јас која знаев и пишував уште од 1996 година во ПУЛС дека новиот светски поредок се крчка како нов фашистички тоталитаризам, не очекував последниот чин да се одвива толку брзо. Уште помалку можев да осетам дека историјата ќе им се врати како бумеранг. Иронијата е во тоа што минатото низ кое минала Кина и Русија и учејќи од него, се збогувала со него, за да стигне до иднината, а овие посебните, специјалниве, самобендисаните и арогантни деген абдали се уште мислат дека се римска империја во која императорот во Вашингтон, Велика Британија и ЕУ може да витка раце и да убива кого сака, колку сака и како сака (го парафразирам црпнатиот Барак Обама кој сега е фактички претседател во сенка), а не е подоле ни неговата помошничка Хилари Клинтон која кљафтејќи се како хиена (мршојадец) во јавна изјава за убиството на Гадафи во стилот на Јулиј Цезар рече: дојдовме, видовме, мртов е!

Затоа сега се соочуваат во западна верзија (како фарса)со својата октомвриска социјална и вредносна револуција на Ленин и Сталин и културна револуција на Мао Цетунг, односно, на четиричлената банда. Плус, на пат се да го надминат и режимот на Црвените Кмери со колкетивното превоспитување во кампови, односно логори. Кој можеше да помисли дека ќе дочекаме ден кога САД ќе купува нафта и гас од Русија (оти блиската им Венецуела ја санкционираа очекувајќи од нивниот пулен, црпката Гваидо дресирана во ЦИА, да им го трасира патот до крадење на венецуелската нафта) и ќе им ја шитка на своите граѓани по пет долари галон на што еден активист коментираше дека новава забегана власт фактички на ваков начин им ги зема назад оние бедни 1400 долари дадени за социјална помош и плус им воведува данок за користење на автомобили по киломатража.

За нафтата од шкрилци ми беше лафот, а во светлото на македонските државни политики кои ги водат трупци, лејки и дегени. Пред ЦИА да ни ги устолии лудиов од Муртино и екс-маоистот и убиец од УЧК, побратимите и истосторници Сашо Мијалков и Срѓан Керим мене и на Миленко ни извршија координиран сачекушки напад на темата нафта и гас.

За Миленко беше задолжен Мијалков, а за мене Керим. Него го начека и го викна на разговор во четири очи во соседниот кафич, а мене телефонски ми се обрати Керим. Нивната разговорна позиција беше дека не треба да дозволиме Русија да не гасифицира или да купува Македонија руска нафта, односно, штетно би било да сме да сме биле дел од „јужниот поток“.

Туку, единствена изгледна опција требало да ни биде да увезуваме нафта од шкрилци од Америка. Мерев време кое за мене секогаш е важно и си меморирав дека разговорот тет а тет со Миленко траеше некои 40 минути, а мојот со Керим телефонски траеше два часа. Обајцата добиле задачи да не одработат и да не убедат дека западот има светла перспектива и како таков е единствена опција за напредок на Македонија (читај за нив двајцата). Којзнае како сега им течат мислите и накај им ждракаат очите оти нивниот свет се сруши а нашиот топрва залауфано ќе се гради.

Да резимирам: Додека нарцисоидниот дегенериран запад се уште игра не љути се човече со кинески и воопшто азиски и руски велемајстори во шах, отиде доларот, Европа си ја брка опашката оти не може ниту еден проблем да реши, западната економја рокна, образованието им дише на шкрги, инфраструктурата им е како во колонијална Африка, здравствените системи им се трагикомедија, школството им е како клонирана министерка да им е Мила Царовска, енергетските политики им се авангардни како ,,генералот,, Стојанче кој си ја удира главата со цигли или ќерамиди, ги изненадува секој пороен дожд, секоја зима ги шашардисува снегот, а секое лето сонцето за што ги набедуваат климатските промени кои ги направил човекот, особено оној од ,,третиот свет,, кој фактички тие го создадоа со своите колонијални и империјални политики.

Се прашувате каде е сега Македонија? Па го гледате одговорот. Ви го даде Рада благонадежната блгарка како наследничка на генот на баба и која со цвеќе ги пречекала бугарските фашистички окупатори. Внучка на бабе! И таа како како неа е среќна дека нејзината ,,генерација,, ни ја донела најголемата победа и сме станале НАТО а таа уште и се самопрепознала како блгарка!? Мери и го умот ако можеш и нејзе и на шефот и црпнат. Јас можам само повторно да констатирам дијагноза: од вакви трупци не се прави ни шупелка, а не се ни за огрев.

Не може иновативен човек да ги претвори макар во отпад со рециклаторски особености за мајкар така бидат од корист. Впрочем, Радмила и онака сама си кажа дека и како студентка варела компир без вода, а Зајко е роден како црпнат, ама лејката му е издупена на повеќе места па вода му тече од секој отвор на главата оти грам мозок нема.

Избрани се по евроатланската меритократија заради која загубија дерби натпревар со Азија сто наспрема нула, а во втора фаза исто ќе им се случи и со Африка и со Јужна Америка. А ова е само почеток на натпреварот кој не можат да го лажираат. Им го прорекоа тоа и еден бивш челник на Светска банка и еден на ММФ и тоа среде Харвард, обајцата Евреи кои имаат неверојатни инстинкти, врвни школи и универзитети и сознајно и искуствено далеку дофрлаат во иднината) каде ги советуваа младите докторанти да си ги спакуфаат куферите и да се преселат во Кина, Русија или Индија оти тоа ќе биде идниот центар на светот, а да избегаат од Европа и Америка зошто тие ќе бидат третиот свет за некоја деценија. Молам фино!

Јас оваа антиципирачка вест ја пренесов од збор до збор во „Нова Македонија“ во 2013 година. А еве како брзо стана реалност од која нема бегање туку им претстои на нааканите тешка фаза на соочување со себе во огледалото.

Најтешко ќе им биде на САД и Велика Британија но и на Австралија, Нов Зеланд и Канада. Франција и Германија ќе се лечат пократкорочно но не помалку болно, а ситната ЕУ боранија ќе трча да го фати претпоследниот ако не и последниот вагон на брзиот азиски воз.

Од сите овие најмногу ме интересира кој црн пат ќе го фатат Балтичките вазалски државички, Полска, Романија, Западна Украина, Романија, Бугарија, Албанија, Грција и Јужен Кипар и секако Македонија, по укинувањето на северџанската вукојебина.

Олеснителни околности веќе нема за никој од злосторниците и нивните злостори. Меѓу нив како најгрозоморни жртви во двовековен континуитет на Велика Британија, Америка и ЕУ со помош на фапстичка Грција, Бугарија и Албанија, сме и ние како Македонски народ и нашата држава Македонија.

Пишува: М. Велиновска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This