Најнови детали за девојката која беше xocпитализирана по примањето на вaкцината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Девојката кај која се појави тромбоцитна реакција по вакцинацијата со „АстраЗенека“ се чувствува добро, има добра клиничка слика, стабилна е и вон животна опасност, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Засега, потврди, нема друг ваков случај во земјава.

Министерот повтори и дека за „Астра Зенека“ ќе се чека официјалниот став на Европската агенција за лекови (ЕМА), а во меѓувреме, продолжува имунизацијата на повозрасните категории граѓани со оваа вакцина.

– Ние бевме многу внимателни и се уште сме. По укажувањето на германската агенција и канадската дека има такви случаи со што го паузираа давањето на ова вакцина на „Астра Зенека“ на помлади возрасни групи, чекаме официјален став од ЕМА која следната недела треба да има и официјален состанок и ќе го почекаме тој став заради тоа што сигурноста на пациентите односно на граѓаните ни е на прво место. Многу е веројатно дека ќе се докаже тоа дека апсолутно ризикот да се заболи од тешка форма на КОВИД е многу поголем отколку компликациите што се јавуваат од вакцината што значи дека вакцината ќе се препорача и за помладата категорија граѓани, но додека не го добиеме тој официјален став на ЕМА, нема да брзаме, истакна Филипче.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This