Руски и српски војници започнаа со извршување на практични задачи на антитерористичка обука во рамките на заедничката српско-руска тактична вежба „Заеднички одговор 2021“.
Тактичките групи на единиците на специјалните сили на Русија и Србија се целосно подготвени за извршување на антитерористички задачи.
Единиците извршија потера по терористичките групи на теренот, акции против заседи и акција во милитантната база.
Антитерористичките воени вежби на руската и српската армија „Заеднички одговор 2021“ се одржуваат во Србија и ќе траат до 25. мај.
Во нив учествуваат единиците за специјални операции на Србија и Русија.
200 руски војници и 11 единици воена опрема од Западениот воен округ пристигнаа во Србија.